• 1
  • 2

ПРЕС НА ОК ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ

Почитувани Граѓани!

На само еден ден сме пред големата победа на Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ. Додека нашите противници предводени од СДСМ веќе спремаат автобуси кој ке одат пред Владата на РМ за бојкотирање на изборните резултати ние и нашите членови веќе сме спремни за славење на резултатите со кој ке се потврди победата на ВМРО-ДПМНЕ!
Овие денови членовите на СДСМ во големи групи од по 60 луѓе одат од врата на врата со цел да извршат притисок врз гласачите. Затоа ве известуваме да не подлегнувате на заканите и на притисоците од СДСМ.
На денот на изборите никој нема да може да стои зад вас во параванот и слободно можете да го дадете својот глас за онаа политичка партија за која сметате дека ја заслужува вашата подршка. Ова особено се однесува за членовите на СДСМ кои и самите сакаат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да ја реформираат својата партија и да го отстранаат Бранко Црвенковски засекогаш од политичката сцена а со тоа и неговите марионети-олигарсите од нашиот град.
Исто така сакаме да ги известиме сите членови на СДСМ кој деновиве се вработени на неопределено време во фирмите на олигарсите од СДСМ дека сценариото за овие вработувања е веќе видено во предходните години и тие исти луѓе се манипулираат и нивно отпуштање се планира уште на денот по изборите.
Затоа на 5јуни излезете и гласајте ДА за нови и реални вработувања,
ДА за покачување на пензиите и платите, ДА за субвенциите и нивно зголемување,
ДА за нови социјални станови,ДА за купување на станови со учество од средства од буџетот,
ДА за легализирање на дивоградбите ,ДА за увоз на половни автомобили со намалени давачки ,
ДА за спортски сали и нови проекти ДА за Манифестот на ВМРО ДПМНЕ.
Затоа ги повикуваме сите граѓани во недела на 5јуни да излезат во што поголем број и да гласаат слободно и за онаа политичка партија за која се одлучиле да го дадат својот глас без притисоци. Ние се залагаме за фер и демократски избори затоа што кристално е јасна победата на
ВМРО ДПМНЕ и затоа РЕФОРМИТЕ КЕ ПОБЕДАТ!
Со почит!
ОК ВМРО ДПМНЕ

Почитувани граѓани!

Сведоци сме на секојдневните плукања и недолични однесувања на Бранко Црвенковски кој замислете си беше премиер и претседател на Република Македонија. За разлика од него и неговата осветољубива политика, ВМРО-ДПМНЕ ке му помогне на Бранко Црвенковски да се пензионира.
Епа господине Бранко нека секој ден почнувајки од 6Јуни ви биде исполнет со среќа радост и имајте убави пензионерски денови,впрочем секој еден човек со душа чека да го има тоа што вие ќе го имате од 6Јуни – пензија која благодарение на Владата на Никола Груевски ке ви биде континуирано покачувана секоја година. Па да видиме како со една пензија ке успеете да ги нахраните и напиете вашите марионети,олигарси,рекетари кој до сега беа ваши деца а од сега ке бидат ваши внуци.
И само мал осврт на она што беше соопштено од на последниот прес на СДСМ ,тие го бројат имотот на фамилијата на премиерот Никола Груевски до шесто колено па и да е така целиот тој имот на премиерот вреди колку имотот што еден од нашите Кочански олигарси го има купено на неговиот син. И заради тоа на 5јуни ке граѓаните ке издвојат победа над олигарсите,рекетарите и сите оние црни сценарија на Бранко Црвенковски.
РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПОБЕДАТ!
Со почит!
УМС на ОК ВМРО ДПМНЕ

ПРЕС НА ОК ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ

Ние во ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани сме “исплашени“, ние сме“ избезумени“ од најавата за тужба за клевета која ке ја поднесе ОО на СДСМ од Кочани.
Вие ќе не тужите, ќе не избавувате од сиромаштијата, ќе не јадете,ќе ја јакнете економијата, ќе не бркате од работа, ќе не спасувате од самите себеси, ќе не внесувате во ЕУ- живи или мртви, ќе ги затварате “селските“ универзитети,ќе не примате на работа, ќе бидете подобри од порано, не ќе го слушате Бранко за се, ќе стигнувате секаде, ќе има повеќе крем во кроасаните, ќе ги вратите бугарските таблици и старите давачки за увоз, ќе ги загрижите стечајците, ќе уривате дивоградби, ќе градите-ама кулички од песок на плажа, ќе не тепате-ама за наше добро, ќе си имате телевизија, ќе има и брз напредок, ќе не налапате брза храна, ќе нема повеќе холестерол-ќе го укинете со закон- мора така зошто ке нема ни здравство, ќе ги одземете бесплатните учебници, ќе ги укинете субвенциите, ќе ги исправите “неправдите“.
Верувате дека народот избра? За среќа не, имаме право на избор, овојпат го бираме животот, ги бираме реформите, бираме повеќе и подобро за сите.
Ние сме сигурни во победата на 5-ти.
ние го имаме отчетот
ние го имаме Манифестот
ние го имаме народот и за крај
ние ги имаме Социјалдемократите
Ние сме среќни што ве имаме, заради СДСМ луѓето гласаат за ВМРО ДПМНЕ.
Ако никој не жали по тебе кога заминуваш-не враќај се!

ДА, реформите ке победат!

ПРЕС НА ОК ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ

Денеска во просториите на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани, г-нот Владимир Ѓорчев, заедно со европарламентарецот од Велика Британија др.Чарлс Тенок и градоначалникот на општина Кочани г-нот Ратко Димитриев одржаа пресс за новинарите.
На одржаниот пресс носителот на листата на и.е. бр 3, г-нот Владимир Ѓорчев зборуваше за целите кои се предвидени во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ и ги потенцираше пријателските релации кои ги гради партијата со видни преставници од Европските институции, кои секогаш се заложуваат и лобираат за интересите на Р.Македонија.
Европарламентарецот др.Чарлс Тенок, член на конзервативна партија во Велика Британија, се престави себеси како пријател на Македонија и даде целосна подршка за политиката на партијата ВМРО ДПМНЕ. Тој истакна дека, во делокругот на своето работење, секогаш ја дава својата најискрена подршка на нашата држава. На носителот на листата му предвиде светла и блескава политичка кариера, поради неговата пожртвуваност и посветеност на решавањето на проблемите во државата.Тој јавно ги повика сите да ја дадат својата безрезервна подршка на ВМРО ДПМНЕ на престојните парламентарни избори.
За крај рече: “Дојдов како пријател на Македонија, а ке си одам како најдобар пријател на вашата земја“ Градоначалникот на општината г-нот Ратко Димитриев се заблагодари за посетата на општина Кочани и изјави п одготвеност за понатамошна соработка на општината со Европските институции и со локалните власти во Велика Британија и Европа.
Пресс-центар на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани

ПРЕС НА ОК ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ

Потврда за реформите и резултатите и признание за успехот на владата на ВМРО ДПМНЕ е и фактот што:
5 луѓе во врвот на ОО на СДСМ во Кочани заедно, финансиски “тежат“ повеќе од 50 милиони евра.
Потврда за реформите и резултатите и признание за успехот е фактот што значителен дел од тој имот е стекнат за времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, во 2009 година Р.Македонија беше прогласена за трет најдобар реформатор во светот во однос на бизнис климата!
5 луѓе од СДСМ-50 милиони, бизниси кои ги водат во времето на ВМРО ДПМНЕ. 5 луѓе кои го бараат вашиот глас за влез во власта. Ситите решија да “Гладуваат со гладните“ . 5 луѓе- 50 милиони евра, за каква сиромаштија зборуваат, за какви притисоци од власта, каде се крие нивното незадоволство од владеењето? Која е амбицијата за ваквиот ангажман, кој е мотивот за оваа “жестока борба против сиромаштијата“?За нашите моќници од СДСМ да го достигнат моменталното ниво на имот, со примање на пратеничка плата, на сите заедно им требаат околу 5.000години и 5 месеци.
Само ВМРО ДПМНЕ има знаење, сила и моќ да ја понуди и реализира најдобрата политичка програма,понудена во историјата на Р.Македонија.
Градиме за сите, создаваме за сите, еднакви можности за сите, без разлика на патриската припадност и ангажман.
Да, за реформите.

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОК ВМРО ДПМНЕ

Кочани се потсеќа на ’90-тите!
ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани во неколку наврати предупредуваше за мрачните сценарија кои се подготвуваат во Кочани и со кои на насилен и подмолен начин СДСМ преку своите “силни момци“ сакат да влијаат на исходот на престојните избори.
Денеска на 28.05.2011г во Кочани, околу 17:00 ч. Активисти на СДСМ го пресретнале и го претепале Даниел Анастасов-претседател на месен комитет на ВМРО ДПМНЕ во с.Бели.
Враќајки се кон с.Бели поточно на улица Страшо Ербапче на излезот од Кочани, на автомобилот со кој управувал Даниел му бил блокиран патот со трактор и бил пречекан од организирана група од 15 активисти на СДСМ. Без никаква расправија смислено и организирано, преку отворениот прозор на автомобилот, го нападнале со тупаници и тврди предмети.Едниот од напаѓачите му подметнал нож под брадата со предупредување: да се повлече од престојните избори или ке биде “уништен“.
Вознемирениот и уплашен Даниел, заедно со двајцата другари кои биле во возилото но не биле повредени ниту биле цел на нападот, веднаш по инцидентот се појави во штабот на ВМРО ДПМНЕ во Кочани, каде даде изјави за локалните медиуми, МТВ, Канал 5, ТВ Алфа и МИА.
Инцидентот е пријавен во полиција, а поради политичката позадина истиот е пријавен и во ОБСЕ.
Ова не е прв инцидент од овој вид во Кочани, покрај случувањата од 11.05.2011 кога беше претепан претседател на месен комитете во с.Нивичани, пред некој ден беше нападнат претседател на месен комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кочани предупредува на фактот дека овие напади во Кочани се дел од кампањата на СДСМ и се диригирани и организирани од високи функционери на СДСМ.
Во Кочани “силните момци “ на СДСМ, по налог смилено и организирано добиваат партиски задачи да претепуваат точно одредени лица за вршење на политички притисок врз целото население.
Кочани се потсеќа на ’90-тите кога рекетарите на СДСМ го “патентираа“ овој насилнички и подмолен метод на собирање на гласови.

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОК ВМРО ДПМНЕ

Почитувани,
На вчерашниот пресс на ОО на СДСМ од Кочани, Руди Георгиев, видно вознемирен се обиде да пласира повеќе лаги и невистини, вчера на својот пресс г-нот Георгиев меѓу другото рече-цитирам:
"Заборавија да го споменат преминувањето на Миле Лефков од СДСМ во ВМРО ДПМНЕ" Пред само 4 недели на својот пресс, рекоа-цитирам: "Во времето на нашето практикување на власта се вработуваа и лица кои не беа членови на нашата партија и како најилустративен пример го посочуваме вработувањето во тоа време на Вашиот сегашен потпарол Миле Лефков." Кога лажевте?- Пред 4 седмици или вчера?
Очигледно видно вознемирениот Георгиев не знае што зборува и си дозволува да говори контрадикторно и неаргументирано.
Не можам и да сум и да не сум член! И да сакам- неможам да стигнам бе, брат!!! Според наши сознанија, базирани на извори во СДСМ, ОО на СДСМ вчера имаше добиено задача да измислат, генерираат или пласираат било каков локален проблем т.н. "спин", само за да го одвратат вниманието од срамната изјава на Црвенковски, во која ги напаѓа и омаловажува стечајците.СРАМОТА!
Нивниот пресс требаше да го одтргне вниманието на јавноста од колумните на Фрчковски во кој тој повикува на укинување на "Селските" факултети. Цитирам извадок од колумната на Фрчковски објавена и на интернет страната на СДСМ: "... укинување две третини од новосоздадената мрежа на високообразовни "селски" факултети и универзитети."
Ова е воедно и јавен повик до сите граѓани од општината: Да не дозволиме тоа да се случи, да не дозволиме да ни го одземат правниот факултет од Кочани.
Г-не Георгиев, неуспешни Ви се обидите да ја сокриете поразителна политика која ја води СДСМ.Ако мене ме сместивте во локален проблем, имам да ви порачам само едно:
"Не убивајте го гласникот!" "Не убивајте го гласникот!" е фраза која произлегла од праксата на лошите владетели да им наштетат на луѓето кои им носеле лоши вести. Интересно, овојпат лошите вести ви ги донесе вашиот лидер!
Ви благодарам.
27.05.2011 г.

ПРЕС НА ВМРО ДПМНЕ ОК КОЧАНИ

Почитувани,
Денешниот прес е свикан поради јавното преминување на група членови од Обединети за Македонија, ВМРО-НП и СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ. Ова е уште едно од низата на преминувања деновиве, во кои најчесто станува збор за враќање на членството во нивната матична партија ВМРО ДПМНЕ.
По соопштување на причината за пресот, новинарите земаа изјави од оние кои преминаа.
Во изјавите, кои ги дадоа за локалните медиуми, канал 5, ТВ Сител, МТВ и МИА како главна причина за преминувањето ги наведоа ставовите на лидерите на НП и ОМ за коалицирање со СДСМ и ја осудија соработката со Црвенковски. Истите упатија и јавен апел до останатите свои членови да се вратат во ВМРО ДПМНЕ како матична партија и да не дозволат да бидат дел од валканите политички игри.
25.05.2011г.

ПРЕС НА ВМРО ДПМНЕ ОК КОЧАНИ

Почитувани, СДСМ ке каже дека 5 години не се на власт-точно!
СДСМ сами ќе кажат дека ги смениле затоа што немале резултати во владеењето и падот бил заслужен-точно!
Денес 5 години подоцна погледнети го таборот на СДСМ,што ке видите НИШТО НЕ Е СМЕНЕТО, истите луѓе -истиот Бранко, истата Шекеринска, истиот Ванчо, истиот Миле.
Како ке го убедат народот дека нешто е сменето, со кафето или пак со локумот? СДСМ во 5 години неможеше да ја смени ниту поставата-таму нема место за нови луѓе ниту за нови идеи. СДСМ отсекогаш била и ке остане партија на профитно ориентираната партиската елита.Народот ке ја остави таа елитата сама!
Денес 5 години, подоцна прашувате што направила владата на Никола Груевски-прочитајте го Отчетот не вртете ја главата-не бегајте од фактите. ВМРО ДПМНЕ е најдинамичната и најотворената партија во која секој чесен ѓраѓанин може да си го најде своето место.
А што се однесува до “комбе“ партијата на Љубе, возење во лунапарк, циркус на тркала.Заклучокот е, не се изборите за секого!
23.05.2011г.

МИТИНГ НА ВМРО ДПМНЕ ВО КОЧАНИ

ВМРО ДПМНЕ со своите коалициони партнери го одржа својот сенароден митинг во Кочани. Во присуство на голем број на членови и симпатизери на партијата, како и неопределени граѓани, ВМРО ДПМНЕ на митингот што се одржа на Градскиот плоштад ја престави својата програма за предвремените Парламентарни избори.
Откако на говорницата беа повикани дваесетте членови кои ја претставуваат листата на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери, на насобраните им се обрати Бети Кузмановска, актуелен Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани и кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија од Изборната единица број 3.
По Бети Кузмановска на говорницата се појави Амди Бајрам, а по него свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски. Како четврти зборуваше Љубисав Иванов Ѕинго а потоа свое обраќање имаше и Владимир Пешевски, заменик на Претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања.
Обраќањето на Влатко Ѓорчев носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери во изборна единица број 3 беше претпоследно, а митингот заврши со обраќањето на Претседателот на Владата на Република Македонија и актуелен Претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Груевски во своето обраќање најповеќе се задржа на делови од Манифестот кој всушност ја претставува програмата за предвремените парламентарни избори.


ПРЕС НА ОК ВМРО ДПМНЕ - КОЧАНИ

Почитувани, Вчера во просториите на КЈП "Водовод", во канцеларија на директорот, во присуство на униформиран полицаец , 8 насилници, - нападнаа и брутално претепаа вработен во КЈП . Вработениот во КЈП, поради нанесените повреди е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Штип и во моментов на одржување на овој пресс, му се вршат два оперативни зафати на главата. ОК на ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното насилство и е згрозен од помислата за поврзаност на групата со одредени политички структури. ОК на ВМРО ДПМНЕ во изминативе месеци, на неколку наврати предупредуваше за "валканата" кампања која се подготвува во Кочани. Се надеваме дека ваквите инциденти немаат политичка заднина, и нема да бидат дел од претстојната кампањата, иако во одредени медиуми овој настан веќе е нотиран како "прв посериозен инцидент во пресрет на предвремените избори". Ова преставува тежок инцидент кој не остава никого рамнодушен. Сметаме дека со овој инцидент се сее страв меѓу населението и преку демонстрирање на сила се настојува да се заплашат граѓаните.Апелираме до сите надлежни органи да го решат случајот во најкраток можен рок и ги известуваме сите учесници дека особено внимателно ке ги следиме настаните поврзани со овој инцидент.

ЃОРЧЕВ ВО ПОСЕТА НА НОВАТА УЧИЛИШНА САЛА

Носителот во Изборната единица број 3 од листата на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вторникот попладне беше во неформална посета на Кочани, поточно го посети Основното Општинско Училиште "Никола Карев" со единствена цел, да види како напредуваат работите околу изградбата на новата училишна спортска сала.

Ѓорчев во разговор се задржа со директорот на училиштето Владо Андов, како и со членови од потесното раководство на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани, предводени од Претседателот, Бети Кузмановска.


Носителот на листата во Изборната единица број 3, искажа задоволство од тоа како се одвиваат работите околу изградбата на салата но и даде ветување дека истата свечено ќе биде пуштена во употреба со почетокот на новата учебна школска година.


КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА

ИЕ 3
1. Владимир Ѓорчев
2. Љубисав Иванов - Ѕинго
3. Надица Танчева - Тулиева
4. Владимир Пешевски
5. Илија Димовски
6. Нада Станчевска
7. Трајчо Димков
8. Бети Кузмановска
9. Васко Пашовски
10. Миле Пачемски
11. Елена Павлова
12. Ѓорѓи Коџабашиев
13. Емил Димитриев
14. Тони Трајановски
15. Марија Рашковска
16. Цветан Трипуновски
17. Оливер Алексовски
18. Лилјана Андоновска - Димитровска
19. Марјанчо Колевски
20. Горанчо Зашов

ПРЕС НА ВМРО ДПМНЕ ОК КОЧАНИ

Избирачките списоци се листи кои се динамични токму поради нивната суштина-затоа и се работи и на нивно прочистување..Починатите се отстранети од листите а малолетните секако неможат да гласаат без увид во личната документација, но и тие се отстранети.Сами знаете дека тоа се случува затоа што вашиот лидер предолго тактизираше со финалниот датум за изборите, па на листите мораше да бидат и лица кои навршуваат полнолетство во тековната година.

Избирачките списоци се листи кои се динамични токму поради нивната суштина-затоа и се работи и на нивно прочистување..Починатите се отстранети од листите а малолетните секако неможат да гласаат без увид во личната документација, но и тие се отстранети.Сами знаете дека тоа се случува затоа што вашиот лидер предолго тактизираше со финалниот датум за изборите, па на листите мораше да бидат и лица кои навршуваат полнолетство во тековната година. Во секој случај тоа се технички прашања со кои веќе го спремате алибито за најголемиот пораз на Социјалдемократите до сега-мора да признаете дека Бичиклиски сепак бил во право! "Живите на 5-јуни ќе ве казнат "-беше кажано на пресот на ОО на СДСМ од Кочани. Прашуваме како ке не казнат? Со што?Со тоа што ке го дадат својот глас за листите на СДСМ? АКО Е ТАКА, зошто трчаат и купуваат гласови?Демократијата не се купува со вработувања во лични фирми на нивните функционери, со кои работодавецот/функционер сака да си обезбеди пратенички мандат т.е. уште еден пратенички мандат. ТАКА АКО Е, зошто ваши "кратко потшишани" активисти се закануваат на цели фамилии дека ке ги претепаат ако излезат на гласање?-Три регистрирани инциденти од кој еден во Белско маало, друг во с.Бели и искршен прозор со истакнати партиски обележја на ВМРО? АКО, се плашите дека неостана жив човек што ке гласа за вас, ТАКА Е! СДСМ нема нови идеи СДСМ нема нови луѓе-погледнете си ги кандидатските листи,зарем за нив очекувате да добиете гласови-па таму имате луѓе кои по пети пат сакаат да седнат во парламентот, имате луѓе кои ја предводеа транзицијата.Нема ЖИВ човек во Македонија кого ке го убедите дека приватизацијата, делумно предводена токму од таа елита, не ја планираше, раководеше и спроведе најголемата пљачка на миленумот, толку обемна што неможе да се смести ни во еден век.Нај брутално разграбување на општествениот капитал кое се одигра во ерата на плурализмот, ера во која Сојузот на Комунистите на Македонија влезе како СДСМ. Редно е да се потсетиме дека СДСМ е формирана 21 Април 1991 година односно е трансформирана од Сојузот на Комунистите на Македонија (СКМ). Со кое лице сега зборувате за сиромаштија и уште повеќе со кое лице ги напаѓате спомениците на нашите револуционери, едноумието заврши помирете се со тоа, заврши и транзицијата, по овие избори конечно ке заврши и политичката кариера на вашиот премиер и кариерата на елитата на вечни владетели.СДСМ не успеа да расчити со хипотеките од минатото,еднаш веќе го кажав тоа дека СДСМ се бори за начии изгубени привилегии, сеуште останувате да бидете возот на транзицијата. Во претходните пресови имавте неколку наивни и несериозни обвинувања-најверојатно обидувајки се воодушевите еден со друг убедувајки се дека се грижите и ги следите работите во општината, кој каде се движи и чив двор се мети и тоа со чива метла се мети, честитам покажавте "невидена политичка вештина" односно збир на вештини со кој секој би сакал да се пофали пред електоратот.Ова не прв пат да се фаќате за метла ама за жал секогаш кај вас фаќањето за метла е само симболично.ВМРО ДПМНЕ стои на ставот дека ке води фер, демократска и позитивна кампања, за жал свесни сме дека СДСМ од самиот почеток, има намера да креира една негативна и мрачна кампања, со која ке сака да не потсети на времето на едноумието. НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, тоа е гласот на народот! ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани со задоволство може да ги извести сите граѓани дека претседателката на ОК г-ѓата Бети Кузмановска е кандидат за пратеник на изборната листа во изборната единица бр.3.Г-ѓата Бети Кузмановска за својата кандидатура доби широка подршка од целото членство, од граѓаните на општината како и од самиот претседател г-н.Никола Груевски и ЦК на ВМРО ДПМНЕ.
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани
06.05.2011

ПРЕС НА УМС НА ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ

Почитувани медиуми,почитувани новинари денешниот прес се свика со цел да одговориме на пресот на СДММ одржан по повод фудбалскиот турнир на ден 17.04.2011 година.
Крајно непријатно сме изненадени што веднаш по турнирот ,,Фер Плеј за фер избори" СДММ направи ,,низок старт".УМС ВМРО-ДПМНЕ и дава жолт картон за нефер играта и за обидот со ваква нефер игра да влијаат на изборите.УМС е составена од членови до 28 години и овој турнир беше организиран такму за нас младите.Сите други политички подмладоци се придржуваа на правилата,само СДММ играа со постари членови. Покрај тоа што имаа постари членови на кој не им беше местото на турнирот-ние игравме.
И покрај тоа што за најдобар играч на турнирот на УМС е избран нивен 32 годишен играч-кој по никоја логика неможе да игра на турнир во младински состав-ние сепак честитавме.
За УМС ВМРО-ДПМНЕ Кочани овој турнир беше само загревање,продолжуваме со се појако темпо во остварување на нашите активности.
На 8ми Мај денот на црвен крст организираме крводарителска акција и ги повикуваме сите граѓани да земат учество . Во недела на Велигден организираме голема Велигденска забава за младите и ги покануваме сите што се со победнички дух да присуствуваат.
Колеги од СДММ На овој прес ние ви покажавме жолт картон,на 5ти Јуни народот ќе ви даде црвен картон-за вас и вашата ,,транзициски политика".
Благодарност УМС ВМРО-ДПМНЕ

Трибина на унија на жени на Вмро-Дпмне ОК Кочани

Говор на претседателката на Унија на жени на Вмро Дпмне - Даниела Караѓозовска.

ПРЕС НА ОК ВМРО ДПМНЕ - КОЧАНИ

Добиваме обвинувања за неодговорени прашања, од истите оние кои не одговорија на повикот за јавна дебата-прашуваме: каде ви е моралниот кредибилитет!?
Политичките партии, барем оние сериозниоте, спротивставуваат ставови, мислења, концепти, доктрини, политички платформи и програми!
Се фалат со резултати од сработеното, излегуваат на пресс со конкретни бројки, анализи, проекти и предлози!
Немаме друга оценка освен тотално лудило, СДСМ своето тотално лудило го покриваат со нелогични и неосновани прашања, кои не го заслужуваат бараното внимание но ке ги одговориме:
Прво за вработувањето на осудувани лица: Вработувањето кое го посочувате во Вашиот прес ВООПШТО не е реализирано-ПРОВЕРЕТЕ! Инаку, казната затвор има реститутивен и ретрибутивен карактер. Ретрибутивниот карактер значи дека осуденото лице со издржување на казната затвор се оддолжува на општеството, а
Реститутивниот карактер значи дека осуденото лице со издржување на својата казна треба да се врати, реституира во општеството и продолжи со нормалниот живот и нормалните активности, секое неприфаќање на овие принципи ке значи нанесување ненадоместлива штета на општеството. Лудило!
За сестрата на актуелната директорка: -По кој основ СДСМ смета дека членовите на семејството на лицата кои се членови на политичка партија треба да бидат обележани и третирани на посебен начин.Уште едно лудило!
А за вмешаност на политиката во образованието: Плукањето врз мене нема да го оценам како лудило, туку единствено како ГЛУПОСТ и тоа КАПИТАЛНА ГЛУПОСТ, елементарна "неписменост" на ОО на СДСМ од Кочани!
Зборуваат за неспоивост на образованието и политиката –а колку од нивните највисоки функционери се универзитетски професори?
Или тие не се вклучени во процесот на образование или политичкото активирање е неприфатливо само за професор во средно училиште.
Невиден елитизам-повторно поделби на подобни и неподобни за политички ангажмани! -Мислам дека СДСМ се гневни затоа што ги потсетивме дека секој човек има право да гради кариера без разлика дали е член во партија која не им одговара или не или пак е нечиј внук, брат, сестра или стрина.
А за најавите: Следете ги вработувањата, кога ќе укажувате на вработувањата во "Водовод"-спомнете ги и 34 те вработувања во КЈП "Водовод" на огласот распишан непосредно пред локалните избори 2009 -сите до еден кои беа примени на неодредено време се членови на СДСМ. Можете да ги приложите со име и презиме или со заверена изјава за пристапување во СДСМ кај нотар, кои деновиве ви се доста актуелни.Дали после непартиските вработувања за кои длабоко се каете, се сетивте на заверување на партиско членство кај нотар. Врв на партиското лудило!
ВМРО ДПМНЕ ,како сериозна политичка партија, смета дека во пресрет на претстојните избори, треба да се гради конструктивен пристап кон политичките прашања и конструктивно да се дебатира со опозицијата за програмата која ќе ја понуди за доброто на државата и народот. Да потсетам, таква дебата нема и по упатениот повик до функционерите од ОО на СДСМ од Кочани!
Неконструктивниот однос на СДСМ на политичката сцена, создава крајно негативна и мрачна атмосфера.
Појавувањата на пресс, кои станаа се поактуелни во последно време, опозиционерите се обидуваат да ги претворат во натпревари во плукање. .Најверојатно се водат од паролата: "Ако неможеш да ги стигнеш, плукни ги."
Ајде на избори! Нека каже народот, народот знае, доста со вашето лудило!
Со почит
ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани.

ПРЕС НА ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ

Почитувани претставници на медиумите, почитувани новинари- ви благодарам за присуството на денешната прес-конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани. Со особено задоволство сакаме да ја информираме јавноста и граѓаните на Општина Кочани дека деновиве, по остварени разговори со раководството на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани, се случи масовно преминување на членови од Обединети за Македонија во ВМРО ДПМНЕ. Преминувањето на повеќе од 200 членови претставува особено значаен политички настан на локално ниво, кој значително влијае на, и ја поместува политичката рамнотежа во општината. Преминување на членството, зголемување на бројот на активни членови и симпатизери се само уште еден доказ за конструктивноста и отвореноста на ВМРО-ДПМНЕ и за широката поддршка на политичката платформа која ја застапува. Народот, едноставно ја препознава искреноста и вистинската заложба за поквалитетен и побезбеден живот во општина Кочани, и дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена и вистинска опција. ВМРО-ДПМНЕ има историска одговорност за иднината на граѓаните и е решена со сите сили да истрае на тој пат! Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ има изградено непоколеблив став и е подготвена за справување со корупцијата и криминалот, кои ја нагризуваат економската основа на Република Македонија.

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА СПОРТСКА САЛА

Во Основното Општинско Училиште "Никола Карев" во Кочани, првиот ден од второто полугодие од учебната 2010/2011 година ќе биде запаметен со воведување на изведувачот во работа за изградба на Спортска сала во училишниот двор, од страна на Министерството за образование и наука на Република Македдонија како инвеститор на Проектот. Спортската сала ќе биде со површина од 1.300 м и капацитет од 500 седишта. Спортската сала што ќе се гради е означена како модел 2 и за истата има издадено одобрение за изградба од страна на Општина Кочани со Решение за градба од 30. Декември. 2010 година. Изведувачот на работите му е доверен на "Гранит", АД Скопје, а додека стручно-техничкиот надзор ќе го извршува ДИВИ консалдинг. Супервизија на изградбата ќе врши Стручен тим на проектната единица за имплементација на Проектот. Според динамиката на изградба, Спортската сала ќе се гради во наредните 7 до 9 месеци а истата е како дела од проектот на Министерството за образование и наука, "Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали" кое го финансира Владата на Република Македонија.

БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК И ИНФОРМАТИКА

Деведесетина кандидати се запишаа на курсот по информатика кој во организација на Општина Кочани започна да се изведува во основните училишта во Кочани и во Оризари. Почетниот курс за компјутерските програми Word и Windows е организиран за лица на возраст над 18 години, а ќе се реализира со 20 наставни часа. Втора година се изведува и курсот по англиски јазик. Годинава околу 300 лица го изучуваат овој светски јазик во втор, трет и четврти степен. Предавачи се наставниците по овој предмет од училиштата во Кочани, кои наставата ја изведуваат волонтерски. - Интересот е голем, и задоволни сме што граѓаните и на поголема возраст сакаат да ги совладаат компјутерските вештини и да научат странски јазик. Се надевам дека и тие ќе бидат задоволни од можноста што им ја дава Општината.


ТРИБИНА ЗА ЕФЕКТИТЕ ОД ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТОТ „КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“

Поаѓајќи од лошата состојба со компјутерите во училиштата во Република Македонија и од неможноста за градење на современо образование поткрепено со информатичкото општество, во 2006 година започна со реализација проектот „Компјутер за секое дете“. Проектот е најголема инвестиција во образованието во последните 20 години и предвидува компјутер за секој ученик, во основното и средното образование, изготвување на образовни потреби, како и овозможување на поволностите при купувањето на кпмјутери на студентите во високото образование. Во основното и средното образование обезбедени се 99.000 компјутери, од кои 44.000 компјутери се во основното и 55.000 во средното образование. Во текот на годината ќе бидат инсталирано уште 65.000 компјутери во основните училишта и тоа во две фази, првата до 15 април 2010 и втората до 15 август 2010 година.


ТРИБИНА ЗА ПРОЕКТОТ - ЗАКОН ЗА БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Со спроведувањето на Законот за бесплатни учебници за основно и средно образование се надминаа пропустите во учебникарството во Република Македонија, кои со години наназад предизвикуваа внимание во јавноста со многу корупциски афери, за сметка на квалитетна настава и на товар на буџетот на родителите.
За обезбедување и дистрибуција на бесплатните учебници во учебната 2009/2010 година Министерството за образование и наука од буџетот издели 700 милиони денари.


ТРИБИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Со измените во законот за средно образование од 2007 година, овој степен на образование стана задолжителен за сите ученици.
Републикда Македонија со овој проект се вклучи во редот на малкуте земји кои имаат задолжителност на образование до 13 години.
Со задолжителното средно образование учениците:
не плаќаат партиципација во училиштата;
добиваат бесплатен автобуски превоз;
добиваат бесплатно сместување во ученички домови;
добиваат бесплатни учебници;
добиваат бесплатна педагошка документација.
Придобивките од имплементацијата на задолжително средно образование се повеќекратни: повисоки компетенции и поголема конкурентност на пазарот на трудот, поголема вертикална проодност во образовниот систем, намалување на социјалните проблеми и сл.


ТРИБИНА ЗА ПРОЕКТОТ "ЗГОЛЕМЕН ОПФАТ НА ДЕЦАТА ОД РОМСКА ПОПУЛАЦИЈА ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА"

Ранливите категории од општеството со цел да се подржат и да им се обезбеди квалитетно образование, како дел од стратегијата на Владата се опфатени со повеќе активности. Квалитетното образование за сите опфаќа повеќе грижа за децата од ранливите социјални категории. Сите деца од ромската етничка заедница кои се опфатени со задолжително средно образование имаат можност за стипендија и помош од ментор за полесно совладување на знаења и вештини, неопходно потребни за успешно завршување на образованието со што ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот или ќе можат да продолжат со академско образование.
Во рамки на декадата на ромите 2005-2015 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија додели 650 стипендии за средношколци - Роми запишани во прва година.
Во 2010 година распишан е конкурс за доделување на 800 стипендии за средношколци - Роми.
Со бесплатните учебници и со слободните ученички билети поддржани се директно најранливите социјални групи.

ТРИБИНИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НВО "ЕВРОПСКО КОЧАНИ"

На ден 02.06.2010 година во ООУ "Раде Кратовче" од Кочани се одржа трибина на тема "Психолошка подршка за професионална ориен-тација на младите" (поточно за учениците од осмо одделение), во организација на НВО "ЕВРОПСКО КОЧАНИ " - на којашто учествуваа учениците од училиштата:

* ООУ "Раде Кратовче"
* ООУ "Никола Карев"

Оваа трибина се организираше со цел да им се помогне на младите многу полесно и многу поисправно да ја донесат својата одлука , каде и во кое училиште да го продолжат своето образование , бидејки овие ученици за десеттина дена го завршуваат своето основно образование и треба да го одберат своето идно училиште и својата идна струка на која ќе се запишат. Предавачи на оваа трибина која беше во организација на НВО "ЕВРОПСКО КОЧАНИ " беа Кралев Даниел – дипл. проф. по Хемија, Били Манчовски – дипл. Психолог.

На ден 01.06.2010год. во ООУ "Св.Кирил и Методиј" од Кочани се одржа трибина на тема "Психолошка подршка за професионална ориентација на младите" (поточно за учениците од осмо одделение) , во органи-зација на НВО "ЕВРОПСКО КОЧАНИ " -на којашто учествуваа учениците од училиштата:

* ООУ "Св.Кирил и Методиј"
* ООУ "Малина Попиванова"
* ООУ "Крсте П.Мисирков"

ЗАПИСНИК
од Спроведен разговор со студентите на Правниот Факултет "Гоце Делчев" во Кочани.

Присутни беа околу 30студенти, заедно со продеканот Војо Беловски. Разговорот го започнавме за придобивките на студентите од залагањето на Министерството за образование. Тие искажаа огромно задоволство од функционирањето на факултетот во смисла на наставниот кадар, нивната стручност, флексибилност, во секое време да им помогнат на студентите. Задоволни беа и од намалувањето на партиципацијата и поевтиниот студентски живот во Кочани.

На факултетот имаат четири смера и тоа:
* Применета политика и дипломатија-модул европско право (со три години студирање)
* Новинарство (со три години студирање)
* Правосудна насока (3+2 години студирање )- со Master

Студентите пројавија желба доколку би можело тие две години со Master да се одржуваат овде во Кочани, а не во Штип. На факултетот имало компјутери, но сепак недоволен број и поголема просторија за истите. Пројавија желба студентите од правосудната наука просторија која што ќе биде пренаменета во судница која ќе им служи за вежби. Имале потреба и од проширена литература во нивната библиотека. Интересен беше и предлогот на Продеканот, а кој со огромно задоволство го прифатија и стутентите, да им се обесбеди униформа (по боја, по насока и со потребниот амблем на Универзитетот) со која би се намалиле социјалните разлики помеѓу студентите. Имале потреба од студентски дом и менза и организиран превоз на студентите од соседните градови со минимален попуст. Имале и недостаток од хигиеничарки на факултетот. Продеканот изјави дека средните училишта не покажувале интерес за промовирање на програмата на факултетот со што тие имале повеќе студенти од страна отколку од Кочани. Студентите дошле до сознание дека Правниот Факултет имало можност да биде префрлен во Струмица, но се среќни што до тоа не дошло бидејќи се воодушевени и од факултетот и од убавините на градот Кочани. Да се надеваме дека дел од желбите на студентите ќе се реализираат со што градот би "дишел" поубаво бидејќи самите знаеме колку голема придобивка се студентите и факултетот за нашиот град.

Реализација: 28.05.2010 петок

Разговорот со студените го водеа:
Одд. Наставник: Кате Стојанова
Одд. Наставник: Јулија Златкова
О.У. "Малина Попиванова" - Кочани